Language switcher

Social

 

Организација и Тим

Организација на Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР)

Работниот тим на Центарот за развој на Источен плански регион се состои од:

  • Раководител на Центарот
  • Тројца координатори за регионален развој
  • Координатор за нормативна дејност, јавни набавки, финансиски и општи работи

 

Тим на Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР)

Драгица Здравева, дипл. економист
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Го претставува, застапува и раководи со Центарот;
  • Управува со имотот на Центарот;
  • Воспоставува и одржува хоризонтална и вертикална комуникација;
  • Ја координира, насочува и контролира работата на Центарот;
  • Донесува Правилник за систематизација на работните места во администрацијата на Центарот;
  • Одлучува за вработувањата, правата, должностите и одговорностите на вработените;
  • Предлага на Советот за развој на Источниот плански регион: програми и планови, предлог проекти, извештаи и останати документи изготвени од страна на Центарот;
  • Врши други работи утврдени со Закон.
 
Александар Николов
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и подрачјата со специфични развојни потреби од областа на човечки ресурси и животна средина;
  • Ја потикнува меѓуопштинската соработка во рамките на планскиот регион и обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа и невладиниот сектор;
  • Спроведува проекти за поттикнување на развојот на планските региони финансирани од фондовите на ЕУ и дрги меѓународни извори;
  • Врши промоција на развојните можности на планскиот регион.
 
Емил Василев
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и подрачјата со специфични развојни потреби од областа на земјоделието, руралениот развој и енергетската ефикасност.
  • Ја потикнува меѓуопштинската соработка и обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа и невладиниот сектор. Спроведува проекти за поттикнување на развојот на планските региони финансирани од фондовите на ЕУ и дрги меѓународни извори;
  • Врши промоција на развојните можности на планскиот регион.
 
Зујица Ангелова
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и подрачјата со специфични развојни потреби од областа на туризмот, културното наследство и развивање на природните туристички потенцијали.
  • Ја потикнува меѓуопштинската соработка и обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа и невладиниот сектор.
  • Спроведува проекти за поттикнување на развојот на планските региони финансирани од фондовите на ЕУ и дрги меѓународни извори;
  • Врши промоција на развојните можности на планскиот регион.
 
Катерина Василев
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Ги врши стручните и организационите работи за потребите на Советот за развој на Источен плански регион и дава стручна помош во подготвувањето на актите од негова надлежност;
  • Одговорен е за планирање и реализација на јавните набавки
  • Ја следи примената на законите и другите прописи кои се од значење за работењето на Центарот и во врска со тоа дава мислења на Раководителот на Центарот;
  • Помага во спроведувањето на јавни повици согласно критериумите утврдени од донатори и други извиори на средства, дава упатства на координаторите на проекти и се грижи за доследна примена на методологиите и критериумите утврдени од давателите на средства;
  • Подготвува и обработува податоци во врска со човечките ресурси и обработува документација како основа за изработка на анализи и информации.