Language switcher

Social

 

Реконструкција на турска бања во општина Виница

Согласно Договорот за реализација на проекти во Источниот плански регион во 2014 година, Центарот за развој на Источен плански регион на 21 февруари 2014 година (петок) го потпиша Договорот со општина Виница за заедничка реализација на проектот, “Промоција  на богатството на разликите и зачувување на културно-историското наследство во функција на регионалниот развој”. Договорот се потпиша од страна на Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева и Градоначалникот на општина Виница, Г-дин Емил Дончев.

 

Со реализацијата на овој инфраструктурен проект се предвидува реконструкција и пренамена на постоечки објект “турски бањи”, во општина Виница во галерија за промоција на богатството на разликите и зачувување на културно-историското наследство  и сала за состаноци, семинари и работилници за општините, невладините организации, бизнис секторот и останати институции од Источниот плански регионот.

Вкупниот буџет на проектот е 3.410.921,00 денари, од кои 3.000.000,00 денари се средства доделени од Министетрството за локална самоуправа - Бирото за регионален развој на Република Македонија и 410.921,00 денари се ко-финансирање на општина Виница.

Со реализацијата на овој проект, Источниот плански регион ќе добие мултифункционелан културен центар, галерија (изложбена сала), за промоција на богатството на “разликите”и зачувување на културно-историското наследство.

Проектот целосно ќе се реализира во наредните 6 (шест) месеци.