Одржан состанок по повод проектот „Градење на капацитетите за имплементација за индустриската политика“

На 15 март 2011 година Министерството за економија во соработка со Министерството за локална самоуправа одржа состанок за: Kонсултации за подготовка на ТОР за ИПА проектот „Градење на капацитетите за имплементација за индустриската политика“. Состанокот се одржа во Министерството за економија.  Имено, Министерството за економија поднесе апликација за ИПА проектот кој е прифатен и има за цел да ја поддржи инплементацијата на проактивна индустриска политика во сите фази и области на интервенција преку две компоненти:

Повеќе...

Состанок за Проектот „The Balkan Velo Trail – BVT-13”,

На 11 март 2011 година во општина Делчево се се одржа состанок во врска со Проектот  „The Balkan Velo Trail – BVT-13”, на кој се дискутираше за идните активности кои треба да бидат превземени од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион  и партнерските општини од Источниот плански регион за претстојната работилница која ќе се одржи во Сандански-Р.Бугарија. Центарот за развој на Источниот плански регион во овој Проект се јавува како партнер заедно со  Р.Бугарија, Р. Грција,Р. Романија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Повеќе...

Врачена „Студијата за одржлив развој на органско земјоделско производство во Источниот плански регион”

На 04 март 2011 година во просториите на Универзитетот  “Гоце Делчев” Штип на свечен начин од страна на Ректорот на универзитетот  Д-р Саша Митрев на Градоначалниците од регионот им беше врачена „Студијата за одржлив развој на органско земјоделско производство во Источниот плански регион”.

Повеќе...

Одржан втор состанок на Надзорениот комитет за проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за имплементација и спроведување на легислативата за управување со отпад“.

На 25.02.2011 година во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање се одржа 2 (втор) состанок на Надзорниот комитет за проектот „Зајакнување на административните  капацитети на централно и локално ниво за имплементација и спроведување на легислативата за управување со отпад“.

Повеќе...