Language switcher

Social

 

Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

На 09 јули 2019 година во просториите на Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип во рамки на Координативното тело за развој на туризмот во Источен плански регион се одржа работилница за „Основни принципи и компоненти на еко туризмот“.

Експертската поддршка беше обезбедена од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, со тоа што фокусот беше поставен кон дефинирање на терминот за „еко туризам“ и разбирање на принципите и компонентите преку кои функционира еко туризмот во светски рамки.

Работилницата се реализираше со цел да се зајакнат капацитетите на вработените во локалните самоуправи и општествено-ранливите категории во рамките на Источниот плански регион.